Google и Airbus ќе прават вселенски катапулт

- Advertisement -

Кога Илон Маск може да прави ракети кои летаат повеќепати до вселената, зошто Google да стои настрана и да гледа? Наместо Alphabet, компанијата-мајка на Google, да инвестира во компанија која развива технологија, тие одлучија да тргнат во поинаков правец. Заедно со најпознатиот производител на авиони, Airbus, Alphabet ќе инвестира 40 милиони долари во стартап кој планира да направи вселенски катапулт, пишува Zimo.

Од стартапот SpinLaunch не откриваат точно каква технологија развиваат, ниту како ќе функционира, туку откриваат само дека може да се работи за катапулт кој ќе исфрла ракети во вселената. Според информациите кои протекоа во јавност, SpinLaunch планира ракетите да ги врти во круг, слично како што се фрла кладиво и се отпушта, па се фрла.

- Advertisement -

Својот систем го нарекоа кинетички систем за лансирање, а според нивните планови, би користел обична струја за почнување на ротацијата, па би бил подобар за околината затоа што ќе може да користи енергија од обновливи извори, а истовремено ракетите ќе може да носат поголем товар.

Иако од SpinLaunch тврдат дека веќе направиле прототип кој функционира, не сакаат да оддаваат повеќе информации освен дека во план им е да почнат со лансирање до 2022 година. Доколку успеат да ја остварат таа амбициозна цел, од SpinLaunch планираат секое лансирање да го наплаќаат околу половина милион долари, а нивниот систем би можел во вселената да испраќа и по неколку ракети дневно.

- Advertisement -

Колку за споредба, моментално компаниите кои се занимаваат со испраќање ракети можат да направат лансирање еднаш месечно, а целиот процес чини меѓу 2 и 10 милиони долари. Ако се докажат, можат во целост да ја сменат вселенската индустрија. Со оглед на тоа дека имаат собрано големи инвестиции од сериозни компании, се чини дека се на прав пат.

Сподели!
- Advertisement -