Amazon ќе им помага на малите компании – ќе дава субвенции за достава на пратки

- Advertisement -

Компанијата Amazon објави дека на претприемачите ќе им понуди субвенции за отворање мали флоти за достава на пратки, што би требало да ја забрза испораката до врата. Amazon на јавноста и претстави темносиво комбе со ознака Prime, кое по прифатливи услови ќе го изнајмува на компании за испорака. Освен тоа, ќе обезбеди и униформи, осигурување за возилата, а сака да понуди и субвенции на малите компании за плаќање даноци, плати и други давачки.

Новата програма има за цел да се создаде поголема конкуренција меѓу компаниите за доставување, каде што сега доминираат United Parcel Service и FedEx. Од Amazon тврдат дека квалификуваните претприемачи можат да започнат бизнис со само 10.000 долари, иако тука не е вклучен трошокот за изнајмување возачи.

- Advertisement -

„Еден возен пак од 40 возила може да има заработка од 300.000 долари”, изјави потпретседателот на Amazon за светски операции, Дејв Кларк и наведе дека очекува операторите со 20 до 40 возила да вработат до 100 возачи, пренесува Bizlife.

Сподели!
- Advertisement -