Погледнете како роботи-кучиња на Boston Dynamics влечат камион

- Advertisement -
Американската компанија Boston Dynamics го научи својот робот Spot Mini нов трик, а овој пат група роботи-кучиња покажаа дека можат да влечат камион. Досега можевме да го видиме Spot Mini како дига предмети, како се качува по скали, отвора врата, се бори со човек, прави салто… Сега во новото видео се прикажани десет роботи-кучиња кои заедно влечат камион.
Од Boston Dynamics изјавија дека повеќе нема да го произведуваат Spot Mini, а купувањето роботи ќе им биде овозможено само на избрани купувачи. Роботот-куче нема да биде достапен во слободна продажба. Spot Mini за прв пат беше претставен во 2017 година како напредна верзија на својот претходник. Многумина тогаш коментираа дека кучето изгледа застрашувачки, иако од Boston Dynamics настојувале да го направат што поприроден. Роботот е замислен како асистент кој на сопственикот може да му носи разни предмети.

Spot Mini е тежок 30 кг, а висок околу 0,84 метри. Тој е целосно електричен робот кој со едно полнење може да работи 90 минути.

Сподели!
- Advertisement -