LG го претставува првиот 8K OLED телевизор во светот

- Advertisement -

LG на саемот IFA 2018 во Берлин ќе го претстави првиот 8K (7680×4320) OLED TV во светот. Овој 88-инчен 8K LG OLED телевизор ќе има повеќе од 33 милиони самоосветлувачки пиксели, кои создаваат размер на контраст и вистинска црна боја, која го дефинира совршениот квалитет на сликата на OLED елевизорот.

Се очекува дека испораката на OLED телевизорите ќе се дуплира во 2018 година и ќе достигне повеќе од 9 милиони единици до 2022 година. Така, LG ќе продолжи да го зголемува уделот на OLED уредите во своето портфолио на премиум телевизори и да ги поттикнува корисниците помасовно да ги прифатат ОLED телевизорите.

- Advertisement -

Иако пазарот на 8K телевизори е во зачеток, се очекува дека до 2022 година ќе порасне на повеќе од 5 милиони единици. И покрај напредокот на полето на LCD, OLED често се споменува како технологија на новите генерации затоа што емитира сопствена светлина и ја елиминира потребата за какво било позадинско осветлување. Благодарение на тоа се создаваат телевизори кои го редефинираат квалитетот на сликата и дизајнот на производите.

Првиот 8K OLED телевизор во светот е врв на технолошките достигнувања и следниот еволуциски чекор во технологијата за слика, изјавија од LG.

Сподели!
- Advertisement -