Snap тестира нов начин на пребарување на производите на Amazon.com преку камерата во апликацијата Snapchat, така што корисниците ќе можат да купуваат директно преку апликацијата. Функцијата за визуелно пребарување ќе овозможи да ја насочите камерата кон некој предмет и директно да го купите од Amazon.
„Кога ќе се препознае предметот или бар-кодот, на екранот ќе се појави Amazon картичка, линк до производот или слични на него на Amazon“ велат од Snapchat, пренесува DailyMail. Додаваат и дека постепено, како што завршуваат тестовите, новата опција ќе биде пуштена во употреба за корисниците.
Од компанијата велат дека опцијата е навистина лесна за користење. Едноставно ја насочувате вашата Snapchat камера кон некој физички производ или бар-код и држите притиснато на иконата за камера за да почнете со пребарување. Кога ќе го најдете тоа што го барате, избирате една од понудените опции и ќе бидете префрлени на апликацијата Amazon, ако ја имате, или на сајтот Amazon.com, каде што ќе можете да го комплетирате процесот.