Многу се зборува за негативните последици од социјалните мрежи врз децата, младите и постарите лица. Корисниците на платформите како TikTok често ги земаат своите телефони само за да гледаат нешто, а потоа го поминуваат следниот час или два фокусирани на екраните и постојано прелистувачи низ објавите, фотографиите и видеата. Ваквите мрежи не само што создаваат зависност, туку предизвикуваат и проблеми со менталното здравје на нивните корисници.
Една студија, чии резултати неодамна беа објавени од New York Post, исто така, предупредува на проблеми со менталното здравје поради гледање видеа. Според овие резултати, помалку од десет минути потрошени на TikTok може да имаат негативни ефекти врз менталното здравје.
Студијата конкретно го истражувала влијанието на видеата за слабеење и анорексија. Гледањето вакви видеа, дури и на екстремно кратко време, може да влијае на сликата за себе на младите жени и може да има негативно влијание врз нивната самодоверба. Исто така, изложувањето на такви видеа може да го зголеми ризикот од нарушувања во исхраната кај младите луѓе.
Негативни психолошки влијанија за младите корисници на TikTok може да се појават дури и кога тие не бараат експлицитна содржина поврзана со анорексија и кога TikTok се користи кратко време, објаснуваат авторите на студијата.
Студијата опфатила нешто повеќе од 270 жени на возраст меѓу 18 и 28 години, кои прво биле анкетирани за нивната употреба на TikTok, ставовите кон сликата за сопственото тело и општите стандарди за убавина, а истражувачите барале симптоми на нарушена исхрана или опсесија со здрава исхрана.
Потоа, половина од учесниците секојдневно гледале содржини на TikTok за нездрави навики во исхраната, кои вклучувале гладување и давање совети за слабеење како јадење мраз и џвакање гуми за џвакање за да се спречи гладот и промовирање на вежбање и покажување на затегнат струк. Тие биле изложени на таква содржина само седум до осум минути дневно.
Од друга страна, на останатите учесници во ова истражување им беа прикажани видеа за природата, готвењето, животните и слично.
Додека учесниците од двете групи покажале намалување на задоволството од телото на крајот на студијата, оние кои биле изложени на видеа за анорексија имале исклучително лошо мислење за нивниот изглед, додека губењето на тежината им станало исклучително важно. Оние кои поминале повеќе од два часа на TikTok пријавиле повеќе нарушувања во исхраната, но се покажало дека тие не се толку значајни.
Како едно од решенијата за овој проблем, експертите препорачуваат поголеми контроли и регулација на содржината поврзана со анорексија, нарушувања во исхраната и генерално, со содржината поврзана со изгледот и сликата за телото.
Треба да се нагласи дека податоците за оваа студија се собрани во средината на 2021 година, а дури во април оваа година TikTok ги објави правилата со кои сакаат да стават крај на содржините кои промовираат нарушувања во исхраната и опасни диети.
(Zimo)
(фото: )