Јапонски научници измислија гума за џвакање која никогаш не го губи вкусот

- Advertisement -

Ако идејата со струја да го стимулирате јазикот ви звучи нехумано, тогаш дефинитивно не би се сложиле со научниците од Универзитетот Меиџи во Јапонија. Имено, тие создаоа мал електричен електростимулатор на јазикот во надеж да ја создадат првата гума за џвакање која нема да го губи вкусот. Иако уште не успеаја да создадат таква гума со вкус на шумско овошје и пеперминт, убедени  се дека пред себе имаат светла иднина.

Во текот на јавното тестирање на уредот сите кои се одлучиле да пробаат рекле дека има горки или сладок вкус. Ова е постигнато со помош на посебна материја која изгледа како гума за џвакање, но всушност е направена да создаде таканаречен пиезоелектричен ефект – феномен после кој некои супстанции и материјали создаваат електричен набој како реакција на физичка манипулација. Поедноставно кажано, гумата за џвакање од јапонските научници не го губи вкусот затоа што цело време додека џвакате ви го стимулира јазикот.

- Advertisement -

Засега оваа гума за џвакање од иднината има вкус како нибоши или популарните јапонски грицки кои се прават од ферментирани млади сардини, но нема причина зошто во иднина не би имала некој поуниверзален вкус. Освен тоа, гумата за џвакање може да се програмира.

Тимот научници тврдат дека со тек на време ќе можат да направат горки, сладок и умами вкус (ароматичен вкус препознатлив кај производите од ферментирана соја, сирење или шитаке печурки). Уредот беше претставен во Европа во рамките на симпозиумот ACM за софтвер за кориснички интерфејс и технологија во Германија.

Сподели!
- Advertisement -