Microsoft и Националната банка на встраија се здружија и заедно развиваа банкомат кој нема потреба од картички, додека истовремено на корисникот му обезбедува целосна сигурност на трансакциите. Системот за базира на услугата Windows Hello AI во облак, односно Azure Cognitive Services и го скенира лицето на корисникот при подигнувањето пари. Потоа корисникот треба да го внесе својот ПИН, но повеќе со себе нема да мора да носи картички.
Од банката наведуваат дека системот уште е во рана фаза од тестирањата и предупредуваат дека во овој момент не е сигурно дали некогаш ќе влезе во практична употреба. Од Microsoft, пак, велат дека ќе го доразвијат дури и ако австралиската влада се откаже од проектот, па многу е веројатно во блиска иднина банкоматите без картички да се најдат ширум светот.