ВИДЕО: Burger King ви продава сендвич за 1 цент ако го „тролате“ McDondalds

- Advertisement -

Ако постои нешто што го сакаат Американците тоа се посебните понуди и попусти. Така, од Burger King направија понуда во која нивниот најпознат сендвич Whopper можете да го купите за 1 цент, но само ако им се приклучите во „тролање“ на McDonald’s.

Почнувајќи со твит во вторникот „brb, going to McDonald’s“ вториот по ред синџир за брза храна направи промоција со зезање пред во 10 часот наутро да објави дека до 12 декември сендвичите Whopper ќе може да се купат за само 1 цент ако ги направите овие две работи:

- Advertisement -

1.Да нарачате храна преку новата Burger King мобилна апликација
2. Го нарачате својот Burger King сендвич додека физички сте во McDonald’s.

Burger King објави видео на кое може да се види како луѓе навистина нарачуваат Whopper додека се во McDonald’s. Сепак, нема потреба да бидат толку блиску – доволно е да се на 600 метри од најблискиот McDonald’s за да добијат сендвич од конкурентот по само 1 цент.

- Advertisement -

Главната цел на оваа промоција на Burger King е што повеќе луѓе да ја преземат нивната мобилна апликација. Веројатно нема да дознаеме што значи за нив поголемиот број преземања, но сигурно токму поради тоа оваа кампања ќе биде ефикасна. Поради својата креативност и по малку злонамерност промоцијата на Burger Kinga сигурно ќе биде попопуларна од сите други.

https://www.youtube.com/watch?v=Pg5EmtaSCL4

Сподели!
- Advertisement -