ВИДЕО: Папата Франциско ја стартува првата апликација во светот за молитва

- Advertisement -

Папата Франциско ја претстави првата апликација во светот за молитва. Новата апликација се вика Click to Pray и ќе известува 1,3 милијарди католици за што се моли, а можностите се широки – од молитви за мир во светот до барање утеха за луѓето погодени од природни катастрофи.

Деновите кога сте ги склопувале рацете за молитва стануваат минато. Дури и папата оди чекор во чекор со времето и на верниците им овозможува молитва на Интернет. Токму затоа поглаварот на Римокатоличката црква ја стартуваше апликација за сите верници во целиот свет да се молат заедно со него.

- Advertisement -

Папата ја објави новата апликација пред својата средба со младите од целиот свет на Светскиот ден на младите во Панама. Тој најновата ватиканска дигитална платформа, позната како Светска мрежа на молитви со папата, ја претстави во текот на традиционалното неделно обраќање пред десетици илјади луѓе на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

Сподели!
- Advertisement -