На утрешната дебата „Инвестирај во енергетска ефикaсност, диши чист воздух!“ ќе се презентира калкулатор за заштеда на енергија

- Advertisement -

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на енергетската ефикасност – 5 март утре, Шпаркасе Банка Македонија, ЕВН и GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) организираат целодневен настан за енергетска ефикасност во Јавна соба, каде преку саемска изложба, презентации, предавања, работилници и забава ќе бидат демонстрирани најновите трендови во оваа област. 

Со почеток од 15 часот ќе се одржи и дебата „Инвестирај во енергетска ефикaсност, диши чист воздух!“ на која ќе се зборува за енергетската ефикасност кај нас и во светот, за улогата на енергетската ефикасност кон подобро општество и почиста животна средина. На оваа дебата GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за првпат пред јавноста ќе биде презентираат калкулатор за заштеда на енергија. Со овој калкулатор вие ќе може да пресметате колку пари би заштедиле годишно доколку имплементирате некоја енергетски ефикасна технологија во вашиот дом.

Во текот на денот, посетителите ќе имаа можност да го посетат Саемот за енергетска ефикасност каде повеќе компании кои нудат решенија за енергетска ефикасност во домовите ќе ги презентираат своите производи и услуги. За најмладите ќе се организира едукативна работилница под наслов „Учиме преку експерименти“, како и  интерактивна сесија на социјалните медиуми со прашања и одговори на темата.

- Advertisement -

Светскиот ден на енергетската ефикасност се одбележува повеќе од 20 години во светот и има за цел да ја воочи потребата од намалување на потрошувачката на енергија на светско ниво.

Посетете го настанот во Јавна Соба и придонесете и вие да дишеме чист воздух!

Сподели!
- Advertisement -