Капсулата Dragon на SpaceX успешно ја заврши својата мисија до Меѓународната вселенска станцица и совршено слета во Атлантскиот Океан. Малку поцрнетата, но инаку неоштетена капсула се спушти во водата со помош на четири црвено-бели падобрани кои излегуваат од нејзиниот нос. Капсулата слета на Земјата точно според планот во точно 8:45 часот.
НАСА овој момент го одбележа со објава на Twitter. Оваа мисија е прв пат приватна компанија да појде на меѓународната вселенска станица и да нема проблеми при враќањето во атмосферата на Земјата на планирана точка на 450 км од брегот на Флорида.
Капсулата замина од Меѓународната вселенска станица синоќа и влезе во Земјината атмосфера со хипероснична брзина пред да го забави движењето со четирите падобрани. Капсулата замина од орбитирачката лабораторија пред еден ден, а единствениот патник бепе куклата Ripley.