Huawei го лансираше најбрзиот светски кластер за вештачка интелигенција

- Advertisement -

Huawei изминатите неколку години интензивно работи на развој на вештачка интелигенција и хардвер кој ги искористува сите нејзини предности. Но, на конференцијата Huawei Connect 2019 направија чекор уште понапред и го лансираа Atlas 9000, најбрзиот светски кластер за вештачка интелигенција, кој ќе служи за разни тестирања, научни истражувања и за комерцијални иновации.
Како што објаснуваат од Huawei, на Atlas 900 му требаат само 59,8 секунди за учење на ResNet-50, што претставува златен стандард за мерење на перформанси која е во прашање вештачката интелигенција. Инаку, станува збор за резултат кој е за 10 секунди побрз од претходниот светски рекорд.
Atlas 900 ќе донесе нови можности на различни полиња за научни истражувања и бизнис иновации – од астрономија, прогнозирање, прогнозирање време и автономно возење до геолошки исражувања. Huawei го користи Atlas 900 во својот Huawei Cloud, кој им е достапен на корисниците од целиот свет. Huawei овозможува и многу поволен пристап до Huawei Cloud за универзитетите и научните истражувачки институции од целиот свет.
Од Huawei проценуваат дека во наредните пет години на компјутери со кои управува вештачка интелигенција ќе отпаднат повеќе од 80% од компјутерската снага во светот. Како што велат тие, планот им е да се фокусираат на четири клучни полиња: иновации во архитектурата, инвестиции во процесори за различни задачи, јасни бизнис рамки и изградба на отворен екосистем за развој на нови генерации интелигентни апликации и решенија.

Сподели!
- Advertisement -