Холаѓаните толку многу возат велосипед што е исто како секоја година да садат по 54 милиони дрвја. Возењето велосипед 7 км заштедува 1 кг јаглерод диоксид во споредба со возењето автомобил на истата релација, а Холанѓаните се први во светот по возењето велосипед.
Во земјата има повеќе велосипеди отколку што има луѓе и реќиси една четвртина од сите патувања се прават со велосипед. Она што ги мотивира луѓето да го изберат велосипедот како превозно средство не е само рамниот терен. Владата има инвестирано во многу велосипедски патеки и ги промовира бенефитите по здравјето од возењето велосипед.
Според некои истражувања, ако редовно возат велосипед, животот на Холанѓаните може да се продолжи за шест месеци. Истовремено, се заштедуваат околу 3% од БДП. Возењето велосипед може дури и да им донесе приходи на велосипедистите. Многу компании им даваат бонуси на своите вработени ако доаѓаат на работа со велосипед.
На глобално ниво транспортната индустрија е најголемиот загадувач со јаглерод диоксид и веќе е одговорна за една четвртина од вкупната емисија на стакленички гасови. Сообраќајот, пак, со моторни возила е причинител на 3,7 милиони прерани смртни случаи во светот.
Dutch people cycle so much it’s equivalent to planting 54 million trees a year
A quarter of all journeys are made by bike. 📕 Read more: https://wef.ch/2L1m3FJ
Posted by World Economic Forum on Петок, 20 септември 2019