Apple истражува два случаи на пукање на новиот iPhone 8 Plus

- Advertisement -

Фановите на Apple конечно дојдоа до новиот iPhone 8 Plus, но двајца азиски клиенти веќе останаа без своите нови паметни телефони под чудни околности

Поточно, сопственик на iPhone 8 Plus од Тајван пријавил дека неговиот iPhone 8 Plus се распукнал при полнењето по само пет дена од купувањето. Уредот бил ставен да се полни со оригиналниот полнач, а по три минути полнење се распукнал.

Друг купувач кој купил iPhone во Јапонија пријавил сличен случај. Тој пријавил дека не стигнал ниту да го наполни својот iPhone за првпат бидејќи забележал дека екранот бил распукнат кога го распакувал уредот.

- Advertisement -

Причината за ова напукнување е веројатно проширување на батеријата.

Првиот распукнат iPhone веднаш бил вратен во Apple салонот за инспекција, а од компанијата јавуваат дека започнале со истрага.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -