CNN отвора телевизија во Албанија

- Advertisement -

Една од најголемите градежни компании во Албанија „Генер2“ во партнерство со CNN ќе започне прв информативен телевизиски канал – А2.

Новата телевизија, која со емитување на вести 24 часа ќе започне до крајот на годината, ќе биде наменета за жителите на Албанија, но и Албанците во дијаспората, соопштува агенцијата McCann.

„Со отворањето апртнерска телевизија на CNN, со седиште во Тирана, сакаме да го подигнеме нивото во производството на информативните содржини и да ја промениме медиумската реалност во Албанија, нудејќи брз, аналитичен и кредибилен извор на информации“, изјавил Башким Улај, генерален директор на компанијата „Генер2“.

- Advertisement -

„А2 има потенцијал да донесе нов и единствен стил на новинарство во Албанија, со самото тоа што претставува ексклузивно партнерство на CNN за оваа земја и станува дел од мрежата од преку 1.100 светски подржуници. Се радуваме на соработката со компанијата „Генер2“ во идните месеци ќе следува обука, консултации и заеднички идеи со цел креирање медиумска платформа која треба да стане информативен лидер во Албанија“, рекол Грег Бејчмен, потпретседател на комерцијалниот огранок на CNN International.

Сподели!
- Advertisement -