Samsung се спрема да го претстави првиот телевизор во светот кој нема рамка, а екранот е на целиот преден дел. Телевизорот нема да има надворешна рамка и ќе биде достапен само за моделите кои имаат пречник од 65 инчи или повеќе и веројатно ќе се најде во продажба од февруари годинава.
Samsung успеа да го направи овој телевизор така што физички ги споил дисплејот и телото на телевизорот. За разлика од други производи кои наводно немаат рамка, овој производ навистина нема рамка и Samsung е првата компанија во светот која успеа да направи таков дизајн.
Иако Samsung официјално нема потврдено дека ќе го претстави телевизорот, информациите кои се појавија на интернет ги потврдуваат овие гласини. Samsung ќе го претстави телевизорот на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас кој почнува од 6 јануари.