Inno Café: Успешни во кариерата може да бидете само ако имате големи соништа

- Advertisement -

Второто Inno Cafe за оваа година се одржа во Скопје со учество на докажани и успешни претприемачи и манеџери, но и млади умови кои допрва ќе градат кариери во областа на техника и иновации.

Кафулето “Марвел“ беше преполно со млади студенти и средношколци кои заинтересирано ги слушаа инспиративните животни и професионални стории на Кочо Анѓушев, професор на Машински факултет Скопје и сопственик на Фероинвест, Иван Бановски, генерален директор на Макстил АД Скопје и на Мартин Спасовски, студент од Машински факултет и дел од тимот на Project Hub кој развива протетска рака.

“Времето кога се ослучува изборот на образование за секој млад човек е време кога има многу дилеми и недоверба дали ќе успее. Сакам да потенцирам дека дефиниција и рецепт за успех не постои. Што е суштината? СУштината е да го следите вашето срце и да го следите вашиот сон“, порача Анѓушев раскажувајќи дека неговиот животен сон како мал бил да произведува возила, а неговите родители го убедувале да биде економист. Тој успеал да остане на својата определба, завршил Машински факултет како одличен студент, станал доцент на истиот факултет, но неговата животна желба за производство и фабрика  го одвела во претприемнички води. Го купува велешки “Брако“, компанија која денес произведува електрично возило за улично чистење кои денес се користат во цел свет: Париз, Лондон, Ливерпур, Манчестер, Барселона, Келн, Берлин, Цирих, Тајван, САД и многу други.

- Advertisement -

„Освен љубовта кон работата, знаењето стекнато на факултет и претпримничкиот дух сакам да потенцирам дека за успех од многу големо значење се и спремноста многу да се работи и многу да се ризикува. Без ова нема успех во бизнисот“, им порача Анѓушев на младите и им порача дека сите големи и важни проекти во неговите компании, поврзани со развој на возила и хидроцентрали иги развиваат инженери од Македонија охрабрувајќи ги да се одлучат за инженерска кариера.  

Уште еден успешен Велешанец  беше дел од Inno Café во Скопје. Иван Бановски е генерален директор на една од најголемите компании во земјава, челичарницата Макстил. Тој е дипломиран инженер-металург, но интересно е што после завршување на средното образование, во време на големи општествени турболенции во државава и силна економска криза, тој не го продолжува веднаш образованието туку почнува да разботи за да заработи за живот. Неколку години подоцна, решава да се запише на Технолошко-Металуршки факултет  воден од идејата и желбата да се вработи во рестартираната велешка топилница. Но, како што често се случува во животот, патот го води во Макстил по препорака на неговиот професор и ментор.

- Advertisement -

“На младите им порачувам додека студираат да научат што  можат повеќе, да се фрлат во огнот и да учат од своите ментори кога ќе добијат шанса да работат. Сметам дека во Македонија инженерските струки имаат голема перспектива и ако се суди според потребите на Макстил, ние сме во континуирана потрага по инженери од повеќе профили“, порача Бановски.

Иван Бановски

Младиот Мартин Спасовски, кој е дел од студентиски тим кој успеа да развие и произведе протетска рака, беше вистинско освежување за присутните на Inno Café. Со само 23 години, Мартин е студент на последипломски студии на Машинскиот факултет, длабоко навлезен во проектот со развој и усовршување на протетската рака, а веќе е и дел од стартап компанија која ќе се обиде да дојде до инвестиции за натамошен развој на оваа и на други иновативни проекти.

- Advertisement -

 „Јас се запишав на Машински факултет за да не се одделам од мојот другар со кој сме од најмала возраст. Она што е мотивирачки на факултетот е можноста да се работи на развојни и апликативни проекти и со помош на технологијата да се направи промена во нечиј живот како што нашиот проект го промени животот на едно детенце“, вели Мартин.

Развој на протетска рака претставува дел од проектите на Project Hub 2020, во соработка со одделот за 3Д печатење на фирмата Future Innovations. Овој проект започна во ноември минатата година и се уште трае. Нашата тенденција на почетокот беше како краен резултат да добиеме две протетски раце: една чисто механичка и една со интегриран мехатронички систем во неа, при што и двете да бидат донирани. Дел од нашата цел е веќе исполнета бидејќи механичката рака е изработена и донирана. Со посложената протетска рака со интегириран мехатронички систем сме во процес на тестирање на мехатроничките компоненти и оптимизирање на моделот.

Сподели!
- Advertisement -