ФОТОГАЛЕРИЈА од лансирањето на InnoTech Club

- Advertisement -

Поддржана од Владата на САД, преку Alumni Innovation Engagement, основната мисија на InnoTech Club е презентирање пред младите на важноста на науката, технологијата и иновациите како клучни фактори за идниот економски раст и развој на земјата

- Advertisement -

Во услови кога се соочуваме со одлив на млади и кадар од земјава, а уделот на индустријата во БДП се намалува, го поставуваме прашањето како да создадеме економија базирана на знаење и на технолошки развој?
Зголемување на свесноста за значењето на науката, технологијата  и иновациите е целта која сака да ја постигне платформата InnoTech Club, која денеска во присуство на голем број ученици, студенти, професори, менаџери, експерти и научници беше промовирана во Скопје.

- Advertisement -

InnoTech Club платформата ја промовираше проф. д-р Игор Јорданов од Технолошко-Металуршкиот факултет, лидер на проектот. Тој посочи дека за нашата земја е неопходна реиндустријализација која ќе обезбеди висок економски раст, добро тренирани инженери и нови бизниси, што ќе ни овозможат да останеме во тек со светските трендови.

Сподели!
- Advertisement -