Поради загадувањето растенијата на Земјата се зголемуваат за да собираат повеќе јаглерод

- Advertisement -

Новото откритие нуди подобро разбирање за тоа како климатските промени ја менуваат планетата

Со оглед на тоа дека нивото на јаглерод во атмосферата продолжува да расте, се чини дека има само негативни последици: топење на глечерите, зголемување на нивото на водите, поекстремни бури итн.

Во целиот свет, растенијата се соочуваат со вистинско изобилство на јаглерод и ова води кон поефикасна фотосинтеза и поголемо складирање на јаглерод. Заклучокот е резултат од нова студија објавена во Зборникот на Националната академија на науките на САД.

- Advertisement -

Фотосинтезата е процес преку кој растенијата создаваат храна за себе и зависи од јаглерод и од вода.

Поголемата концентрација на јаглерод во атмосферата им овозможува на растенијата да бидат повеќе селективни за јаглеродот што го користат, што им овозможува да користат помалку вода во создавањето на енергија. Поради ова растенијата растат поголеми.

- Advertisement -

Ова значи дека растенијата можат да апсорбираат повеќе јаглерод од атмосферата со помалку вода, делумно амортизирајќи ги ефектите од емисиите на стакленички гасови од човековата активност.

„Фотосинтезата се интензивира повеќе отколку во минатото, а има и повеќе биомаса”, изјави водечкиот автор на студијата, Ралф Килинг, за The Washington Post. „Акумулацијата на биомасата е важна, бидејќи тоа е јаглерод што инаку би бил во воздухот, а ова ја забавува стапката на раст на атмосферскиот јаглерод диоксид.“

- Advertisement -

Не значи дека растенијата немале доволно јаглерод пред климатските промени, туку сега постои поголема количина од одреден вид јаглероден изотоп. Растенијата преферираат изотоп наречен јаглерод-12, наспроти вториот најчест изотоп, јаглерод-13, кој има уште еден неутрон.

Согорувањето на фосилни горива ослободува повеќе јаглерод-12 кој растенијата го препознаваат и повлекуваат од атмосферата. Како што растенијата се зголемуваат преку овој поефикасен процес, тие ќе можат да задржуваа повеќе јаглерод.

Научниците уште не знаат дали има ограничување на овој процес, но постојат претпоставки дека на крајот растенијата ќе достигнат точка кога ќе станат максимално ефикасни.

Но зголемувањето на температурите поради климатските промени би можело да ја оневозможи оваа појава, со тоа што условите во некои области ќе бидат премногу топли и суви за растенијата да растат.

Сподели!
- Advertisement -