По прв пат во историјата на гигантот Apple конференцијата за девелопери Worldwide Developers Conference ќе биде виртуелна и бесплатна, а ќе почне на 22 јуни. Од Apple вчера објавија дека конференцијата WWDC ќе се одржува виртуелно во апликацијата Apple Developer и на веб страницата Apple Developer бесплатно за сите девелопери.
Компанијата, исто така, го најави предизвикот Swift Student Challenge, односно можност за сите студенти девелопери да ја покажат својата љубов кон кодирањето со креирање на нивно сопствено Swift Playground.
После 31 година WWDC20 ќе биде можности за милиони креативни и иновативни девелиопери од целиот свет да добијат пристап до иднината на iOS, iPadOS, macOS, tvOS и watchOS и да учат од инженерите на Apple додека работат на подобрување на искуството со апликациите и збогатување на животите на милиони корисници на Apple на целата планета.
„WWDC20 ќе биде нашата досега најголема конференција која ќе ја обедини глобалната девелоперска заедница од над 23 милиони луѓе на досега невиден начин во текот на една цела недела во јуни, каде што ќе се учи за иднината на платформите на Apple platforms. Со нетрпение чекаме да се сретнеме онлајн во јуни со глобалната девелоперска заедница и да ги споделиме со нив сите нови алатки на кои работиме за да им помогнеме да креираат уште подобри апликации и услуги“ изјавија од Apple.
Swift Playgrounds е револуционерна апликација за iPad и Mac која учењето на програмскиот јазик Swift го прави забавно и интерактивно. На 17 мај студенти од целиот свет можат да ја поднесат својата пријава на Swift Student Challenge, односно да креираат интерактивна сцена во Swift Рlayground која може да се доживее во три минути. Победниците ќе добијат ексклузивна јакна WWDC20 и сет од беџови. За повеќе информации посетете ја страницата developer.apple.com/wwdc20/swift-student-challenge.