LG претстави телефон со два екрани

- Advertisement -

Samsung и Motorola неодмна ги претставија новите генерации телефони со флексибилни екрани, додека Microsoft Surface Du е интересен телефон со два екрани. Сега и LG претстави телефон со два екрани, но нивниот пристап е целосно поинаков и доста интересен.

Смартфонот со два екрани се вика LG Wing и на прв поглед изгледа како класичен телефон кој е малку подебел во однос на просечните. Но, со брзо движење на прстот едниот екран може да се заврти и да се постави потпрен на другиот екран во форма на Т буквата, односно да изгледа како да има крила, па оттаму и самото име. Кога главниот екран ќе се помести, се открива долниот дел од куќиштето, каде што се сокрива другиот екран.

- Advertisement -

И двата екрани се ОЛЕД со дијагонала од 6,8 инчи на поголемиот, додека помалиот има 3,9 инчи, а начинот на кој може да се користат екраните во тандем е разнолик и корисниците можат да го прилагодат на себеси. На пример, може на горниот екран да се гледаат видеа на YouTube, а на долниот да се бараат нови видеа или да се сурфа на интернет. Понатаму, на долниот екран може да се покажуваат контроли за гледање филмови и песни или директно од него да се префрлаат содржини, да се паузира итн.

Посебно е интересен начинот на кој двата екрани може да се користат при фотографирање или снимање видеа затоа што долниот дел од телефонот може да се користи како сталак, а на екранот може да се избираат разни опции за снимање. Се разбира, телефонот може да се користи и класично, без отворање на големиот екран.

- Advertisement -

Што се однесува на хардверот, ова е уред од средна категорија со процесор Snapdragon 765G, 8 GB меморија и 256 GB простор за складирање, кој дополнително може да се зголеми со мемориска картичка. Батеријата има капацитет од 4.000 mAh и треба да издржи цел ден користење, вклучувајќи го и користењето на малиот екран. За сите кои во иднина ќе сакаат да ги користат мобилните мрежи од новата генерација, телефонот ќе има и поддршка за 5G.

Освен иновативниот начин на снимање, корисниците на Wing добиваат и три задни камери – 64 MP, 13 MP ултраширока камера и 12 MP Gimbal Motion камера, додека селфи камерата има 32 MP и е по-ап камера.

- Advertisement -

Уште не е познато кога ќе се најде Wing на пазарот и колку ќе чини.

(Android Authority)

(фото: LG, screenshot)

Сподели!
- Advertisement -