Прототипот на ракетата SpaceX, Starship SN15, конечно по прв пат успешно слета назад на копното после висинки тест на 10 километри и неколку спектакуларно катастрофални неуспешни обиди.
Планот на шефот на SpaceX, Илон Маск, за пат на Месечината и на Марс направи голем чекор напред кога прототипот на Starship конечно слета на копно после висинскиот тест. Слетувањето на Starship е номинално, објави Маск на Twitter по успешно завршеното тестирање одржано во Бока Чика во Тексас.
Четириесет и пет метри долгиот SN15 полета вчера во 23:24 часот и достигна висина од 10 км. Неговите три мотори Raptor полека се изгасија, а потоа SN15 почна слободно да паѓа кон копно во хоризонтална ориентација.
Пред самото слетување моторите повторно се запалија и го свртеа SN15 во вертикална ориентација, после што прототипот по прв пат успешно слета на платформата за слетување.
Овој успех на SpaceX доаѓа после скапоцените пропаднати прототипови SN11, SN10 и SN9. Сите тие претходни обиди завршија со експлозија, а со тоа што SN11 експлодираше во воздух пред слетување.
Очигледно SpaceX многу научил од претходните обиди, па на SN15 се направени низа промени кои резултираа со успешно слетување. Успешното тестирање дојде во вистински момент за да и потврди на НАСА дека добро го избрала SpaceX за повторно да ги донесе луѓето на Месечината и да ги однесе на Марс.
(Zimo)
(фото: Flickr)