ВИДЕО: Во Норвешка поштата ќе ја доставуваат роботи

- Advertisement -

Во еден свет како нашиот, каде што се се сведува на електроника, имејл, Twitter, WhatsApp и пораки на Snapchat кои исчезнуваат по некое време, традиционалната пошта е застарен поим од минатиот век. Но, има ли подобар начин да се модернизира и тој дел од нашите животи отколку со користење роботи за достава на писмата и пратките до вашиот дом? Токму тоа ќе можат да го искусат жителите на Норвешка благодарение на договорот кој го склучи норвешката пошта Posten-Norge и компанијата за автоматизација Buddy Mobility.

Posten-Norge склучи договор со стартапот со седишта во Осло и во Сан Франциско за да ги донесе роботите на улиците на Норвешка. Роботите-поштари личат на големи кутии на тркала. Можат да возат околу 6км/ч и можат да доставуваат пошта и пратки до 100 луѓе дневно. Наместо поштата да ја доставуваат до секоја куќа поединечно, роботите Posten ќе им испраќаат пораки на луѓето преку посебна апликација. Потоа луѓето ќе можат да си ја земат поштата од роботот со отворање на фиока во која се само нивните писма. Откако ќе ја достават пратката, роботите ќе се враќаат во локалниот дистрибутивен центар за да земат други пратки и писма.

- Advertisement -

Норвешка има популација од над 5,2 милиони луѓе. Роботите за почеток ќе се тестираат во областа Конгсберг пред да почнат да се користат на поголема територија. Ова не е единствениот пример кога роботи се користст за доставување пошта. Во Германија слични рботи наречени PostBot се користат од германската пошта Deutsche Post. Во САД , пак, стартапот Starship Technologies слични роботи на универзитетски кампуси и во некои соседства.

Сподели!
- Advertisement -