Архитекти ги дизајнирааа првите куќи во светот со 3Д печатена челична конструкција

- Advertisement -

Архитекти ги изградија првите челични 3Д печатени модуларни куќи во светот. Новите домови се лоцирани во Орани, Сардинија. Архитектите Ознур Пинар и Данило Пета биле инспирирани од уметникот Костантино Нивола, односно од неговата скулптура наречена „La Madre”. Крајниот резултат се домови кои изгледаат како пеперутки.

„Местото каде што работиме на нашиот проект е планинско и стрмно, но ќе направиме различни нивоа за модулите за куќите. Опкружени со природа, сакаме нашите самоодржливи домови да функционираат во хармонија со природата“ велат архитектите.

- Advertisement -

Куќите се направени така што ветрот поминува низ нив затоа што тој регион во Италија е многу ветровите. Тие произведуваат енергија самите за себе, а можат да произведат и вишок за вклучување во електрична мрежа.

Во центарот на секоја куќа има енергетска кула каде што се скалдира енергија од ветар и од сонцето. Кулата е покриена со соларни панели, а е направена да може да се врти 360 степени за да ги напојува со енергија турбините на ветар. Челичната конструкција на куќите го пропушта ветрот во турбините. Домовите се опремени и со паметни камери и детектори на пожар кои штитат од природни катастрофи.

- Advertisement -

Интересно е тоа што архитектите немаат испланирано куќите да имаат скали. Наместо тоа ги охрабруваат идните жители да го користат стрмниот терен за да се качуваат од кат на кат. Проектот го носи името „Madre Natura” или „Мајка природа”.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -