Бреинстер е брзорастечка компанија која што за само 6 години од своето постоење направи целосна трансформација во доменот на неформалното образование во Македонија, обучувајќи над 10.000 студенти. Од неодамна, компанијата означи ново поглавје со проширување на едукативните услуги и во држави како Австрија, Словенија, Хрватска и Унгарија.
Визијата на Бреинстер е да го промени начинот на учење за студентите да го променат светот. Преку едукациски програми во полето на програмирање, тестирање на софтвер, дигитален маркетинг, графички дизајн, информациски науки, и човечки ресурси, Бреинстер му дава можност на секој студент да си ја трасира својата кариерна патека во некои од овие области. Она што го прави Бреинстер уникатен е опсесивната грижа за студентите, како во текот на академијата така и потоа, сѐ до остварувањето на нивните соништа и цели. Само во последните 6 месеци, тимот на Бреинстер им помогна на 500 студенти да најдат работа.
Покрај кариерните трансформации на студентите во некои од најбараните и најплатените ИТ професии, Бреинстер амбициозно инвестира и во личниот и професионалниот развој на своите вработени преку иновативна компаниска култура и начин на работење. Оваа посветеност резултираше со тоа што бројот на вработени се зголеми од 17 до 39 за една година.
“Постојано вработуваме амбициозни луѓе и им ја даваме слободата да го максимизираат својот потенцијал во нашата компанија. Се стремиме кон нивната автентичност наспроти совршенство. Нема да сопреме овде, туку постојано ќе бараме луѓе со кои споделуваме заеднички вредности, затоа што само на овој начин ќе растеме приватно и професионално,” вели Петар Ниновски, основач на Бреинстер.
Ова се дел од повластиците кои Бреинстер им ги нуди на своите вработени.
1. Флексибилно работно време
Организирањето на работното време е по личен избор на вработените во Бреинстер. Сите во Бреинстер имаат можност да работат во согласност со тековните приоритети и со највисок степен на лично чувство за одговорност и организација.
Овој бенефит е совршен како за ранобудните, така и за „ноќните птици“ на кои во доцните часови им доаѓаат најкреативните и најиновативните идеи.
2. Работа на далечина, засекогаш
Последниве две години се случија многу промени на глобално ниво. Бевме соочени со големи предизвици и моравме да научиме да бидеме флексибилни и да се адаптираме на секоја ситуација.
Голем дел од компаниите се одлучија да стават клуч на канцелариите и да им овозможат на своите вработени да си останат во своите домови во прегратките на своите семејства и миленици.
Токму ова покажа дека независно од локацијата каде што се наоѓаат, луѓето сакаат да работат и да постигнуваат успеси. Во Бреинстер се вреднуваат завршените задачи и постигнатите резултати, без разлика дали вработените работат од дома, од најблиското кафуле или пак од некоја плажа.
Сите си ја ценат слободата во извршување на задачите, па затоа вработените имаат можност да ја изберат својата идеална локација за работа за поефективно и навремено да ги завршат обврските.
3. Неограничен број на денови за одмор
Резултатите и постигнувањата на вработените во Бреинстер имаат многу поголемо значење и вредност од тоа колку денови од годишен одмор користат. За таа цел, секој од вработените има можност да користи неограничен број на денови од годишниот одмор.
Со цел усогласување со локалната легислатива за работни односи, а и да се одбегнат несакани случаи каде вработените ќе чувствуваат пресија да не ги користат деновите од годишен одмор поради било која причина, бројот на денови од одмор кои треба да се искористат е минимум 20. Ако вработените не ги искористат, тимот за човечки ресурси ќе ги потсети.
4. Континуирано учење и развој
Без разлика на историјата на вработените, нивното претходно искуство или работна позиција, во Бреинстер има непишано правило: постојано да учиме и да се развиваме на личен и професионален план.
Културата на Бреинстер се базира на ентузијазам и способност за прилагодување. Не е важно колку знаеш, поважно е колку брзо учиш и колку голема ти е желбата да ги подобриш твоите вештини. Затоа, Бреинстер им овозможува на вработените бесплатна посета на курсеви или академии по личен избор, како и интерни обуки, менторски сесии, бизнис дискусии и пристап до најсовремената литература.
5. Тим лидери во улога на ментори
Да се биде дел од Бреинстер значи да се биде дел од еден голем тим на млади, талентирани и проактивни луѓе кои имаат цврсто зацртани цели, се движат во иста насока, размислуваат неконвенционално, умеат да се адаптираат брзо на промените и најважното – се тимски играчи.
Вработените во Бреинстер работат заеднички и си помагаат во реализирање на нивните идеи. Лидерите на секој од тимовите се со докажана експертиза и релевантно искуство во својата област. Како ментори, тие постојано и несебично го пренесуваат своето знаење на секој од членовите на тимот.
Бреинстер негува колаборативен стил на лидерство што се реализира преку менторски програми, 1 на 1 состаноци, групни дискусии и тимски настани, со цел да се зајакне меѓусебната доверба и да се оствари транспарентна комуникација.
6. Миленичињата се добредојдени
Научно е докажано дека за многу луѓе домашните миленичиња даваат значајна емоционална поддршка и внесуваат радост и среќа во окружувањето. Да се работи во компанија како Бреинстер значи дека можеш да работиш заедно со својот миленик и да бидеш придружуван од него на твоето работно место во канцеларија.
Поминувањето премногу време работејќи на одреден проект и решавањето на проблеми знаат да предизвикаат непотребен стрес и да ја намалат продуктивноста на вработените.
Во вакви денови, нема ништо поефикасно од кратка прошетка за време на работната пауза со твојот миленик. Затоа, „Bark“-етинг тимот на Бреинстер постојано се зголемува со нови членови.
Добрата вест е што сѐ повеќе компании ги отвораат своите врати и за нашите крзнени пријателчиња, со што ги охрабруваат и другите работодавци да се приклучат кон оваа движење.
Негување на уникатната компаниска култура, проширување на тимот во Македонија и европските престолнини и соочување со предизвиците во индустријата се главните фокуси и во 2022 година. Со солиден тим зад себе, Бреинстер е убеден дека овие големи планови за претстојниот период ќе бидат лесно достижни.
Според Анета Дукоска, задолжена за човечки ресурси во Бреинстер, „односот помеѓу една компанија и нејзините вработени е еднаков на односот помеѓу уметникот и неговото уметничко дело. Растете ги нивните таленти, внимателно слушајте ги нивните размислувања, почитувајте ги нивните идеи и охрабрете ги да бидат отворени за новитети. Само на овој начин успехот на вашата компанија е загарантиран.”
Ако сте заинтересирани да работите во Бреинстер можете да ја испратите својата биографија на work@brainster.co.