Во Иран останаа само 12 гепарди!

- Advertisement -


Иран има само 12 гепарди во споредба со околу 50 во 2017 година, предупредуваат тамошните власти, кои ситуацијата ја оценуваат како многу критична затоа што на гепардите им се заканува изумирање.

„Моментално имаме само девет мажјаци и три женки, наспрема 100, колку што имаше во 2010 година и нивната ситуација е исклучително ризична“ вели заменик-министерот задолжен за природна средина, Хасан Акбари.

- Advertisement -

Гепардите се жртви на сушата, ловците или ги прегазуваат автомобили, посебно во пустините во централниот дел на Иран, каде што вообичаено се наоѓаат, вели Акбари.

Меѓународната унија за зачувување на природата ја класифицира како критично загрозена животинската врска подврста гепард, на латински acinonyx jubatus venaticus, кој е познат како азиски гепард.

- Advertisement -

„Мерките кои ги презедовме за зголемување за заштитата и репродукцијата на животните и поставувањето сигнализација на патот не беа доволни за спас на оваа врста“ додава Акбари.

Иран е една од последните земји во светот каде што гепарди живеат во дивина, која со помош на ОН во 2001 година почна програма за заштита на гепардите. Гепарди има во голем број и на југот на Африка, но речиси ги нема на северниот дел на континентот и во Азија. Гепардот се смета за најбрзо животно во светот, кое може да достигне брзина до 120 км/ч.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -