Европската комисија претстави нова стратегија за побезбеден интернет за децата

- Advertisement -


Европската комисија вчера предложи нова стратегија за побезбеден интернет за децата и објави предлог-уредби за заштита на децата од сексуална злоупотреба.

„Сите деца треба да ги заштитиме, да ги поддржиме и да ги почитуваме на интернет. Со оваа стратегија поставуваме и високи стандарди на безбедност и во целиот свет промовираме зајакнување на полошбата на децата и нивно активно учество во дигиталната деценија“ изјави Дубравка Шуица, потпретседателка на Комисијата за демократија и демографија.

- Advertisement -

Современите уреди, паметните телефони и компјутерите на децата им даваат прилики и им се корисни затоа што им овозможуваат интеракција, учење на интернет и забава, но тоа со себе носи и ризици од изложеност на дезинформации, зајбер злоупотреба и штетни и незаконски содржини, од што децата мора да бидат заштитени.

„Со новата стратегија сакаме на децата да им овозможиме пристап до дигиталните уреди и вештини, особено на децата во ранлива положба, да се борат против злоупотребата на интернет и да ги заштитиме сите деца од штетни и незаконски содржини на интернет“ изјави извршната потрептседателка на Комисијата, Маргарет Вестагер.

- Advertisement -

Комисијата во стратегијата најави дека ќе ја олесни зиработката на кодекс на унијата за дизајн примерен на одредена возраст и до 2024 година планира да побара европска норма за проверка на возраста на интернет. Ќе се проучува и како планираната потврда за дигитален идентитет може да се употреби за проверка на возраста, во најбрз рок да поддржи пријавени незаконски и штетни содржини и до 2023 година ќе се погрижи жртвите на сајбер злоупотреба да можат да добијат помош на единствен телефонски број.

За да зајакне позицијата на децата во дигиталната средина Комисијата преку мрежа од центри за безбеден интернет ќе организира кампањи за зголемување на медиската писменост на децата, наставниците и родителите. На порталот betterinternetforkids.eu ќе понуди и модули за наставници. Мрежата од центри за безбеден интернет во државите-членки е активна на национално и на локално ниво, а ќе ја зголеми поддршката за децата во ранлива положба и ќе им помогне да ги совладаат проблемите со дигиталниот јаз.

- Advertisement -

Освен стратегијата, Комисијата објави и предлог-уредби за заштита на децата од сексуална злоупотреба.

(USA Today)

(фото: Etsy)

Сподели!
- Advertisement -