Илон Маск си зададе цел да ја изгради ида ја пушти во употреба најголемата литиум-јонска батерија на светт за само 100 дена. Доколку не успееше во тоа, батеријата ќе и ја подареше на Јужна Австралија, но тој не само што успеа да го испочитува рокот, туку заврши и порано од планираното. Сега Hyundai вели дека планира да изгради батерија која ќе биде 50% поголема од таа во Јужна Австралија, а ќе ја гради во близина на југоисточниот брег на Јужна Кореја. Планирано е батеријата да биде готова во февруари идната година.
Energetski portal пишува дека батеријата на Hyundai Electric and Energy Systems ќе има моќност од 150 мегават-часови и ќе биде најголема во светот. Батеријата ќе ја користи компанијата Korea Zinc во својата рафинерија во Улсан, а инвестицијата чини 45 милијарди долари.
Падот на цените на батериите ги поттикнува луѓето да инвестираат во нив. Маск постави еден стандард за тоа колку брзо може да се инсталира и да се пушти во употреба батерија со таа големина. Аналитичарите велат дека во текот на идните години уште повеќе ќе паѓаат цените на батериите. Исто така, се очекува конкурентите на Tesla да почнат забрзано да прават големи батерии, а глобалниот пазар за складирање енергија се очекува да порасне од 2,6 милијарди долари лани на 29,2 милијарди долари до 2025 година.