ВИДЕО: Очилата за сонце ACE Eyewear снимаат и емитуваат видеа

- Advertisement -

Компанијата Acton, која се занимава со производство на електрични скејтборди, направи паметни очила за сонце ACE Eyewear. Станува збор за очила за сонце кои можат да снимаат и да емитуваат видеа или да ги испратат видеата на популарните социјални мрежи како што се Facebook, Instagram и YouTube, пренесува Bug.hr.

Ова е уште еден производ кој ќе биде претставен во Лас Вегас на овогодишниот саем CES. ACE Eyewear можат да направат фотографии од 8 мегапиксели и HD видеа со леќата од 120 степени. Очилата се отпорни на вода и прашина. Снимањето започнува со притскање на копче на горниот лев агол од очилата, а што се однесува на конектираноста, достапна е поддршка за Wi-Fi и за Bluetooth 4.1.

- Advertisement -

За складирање на снимените материјали достапна е 4 GB внатрешна меморија. Самите очила можат да снимаат до 1,5 часа, а доколку не се користат постојано можат да работат до 80 часа благодарение на батерија од 260 mAh. Со непрекинато снимање можат да снимаат до максимално 40 минути, со тоа што видеото се снима во прагоаголем формат, а цената на очилата кога ќе стигнат во продажба во април ќе изнесува 199 долари.

Сподели!
- Advertisement -