Од компанијата Snap најавија дека корисниците на Snapchat наскоро ќе можат своите објави на оваа социјална мрежа истовремено да ги споделуваат и на други мрежи. Ова, без сомнение, како што сметаат експертите, претставува потег за корисниците уште повеќе да се заинтересираат за користење на Snapchat, како и обид да се спречи префрлањето на Instagram и на други социјални мрежи.
Snapchat сега на корисниците им овозможува своите „приказни“ да ги споделуваат на Twitter и Facebook доколку имаат поврзани профили на тие сервиси. Алтерантивно, корисниците ќе можат да испраќаат и линкови на имејл или текстуални пораки на корисниците кои не се на ниедна од овие платформи, а линковите ќе можат да ги отвораат во совите веб пребарувачи.
Споделувањето содржини од Snapchat на други мрежи стартува наскоро, а за сите корисници во целиот свет ќе биде достапно во текот на наредните неколку недели, пренесува CNBC.