Денес ретко кој не поседува предмет купен од синџирот IKEA, но речиси никој не знае што означуваат иницијалите на IKEA. Првите две букви се почетните букви на името и презимето на нејзиниот основач, Ингвар Кампрад, потоа почетните букви од неговото родно место – Елматарид кај Агунарид, Компанијата ја основаше во 1943 година на само 17-годишна возраст.
Уште тогаш бил искусен бизнисмен. Бидејќи сфатил дека во Стокхолм кибритите се поевтини отколку во првинцијата редовно со велосипед одел во град, купувал кибрити и потоа им ги продавал на соседите. Набрзо го проширил асортиманот со семиња за цвеќиња, разгледници и божиќни декорации.
Неговата IKEA, која ја основа со капитал кој денес би изнесувал околу 30 евра, тогаш тргува со пенкала, паричници, рамки за слики, лампи, часовници, накит, хулахопки итн. Дури по војната во 1947 година почнува да продава мебел кој го изработувале локални мајстори, а поминале уште десет години додека ја отвори првата стоковна куќа.
Денешната империја со повеќе од 160.000 вработени во повеќе од 40 земји од светот не ни можел да ја замисли од таа перспектива, но тие што го запознале велат дека не постоел човек со таква енергија. Самиот тој во длабока старто ќе изјави „Само да седам и да кажам дека ми е добро така би била катастрофа за мене“. Тој секогаш размислувал за нешто нови и уште подобро.Но, никогаш не заборавил од каде доаѓа.
„Видов сиромашни работници на поле кои не јаделе дома, туку мораа да јадат во штала. Ако сакам да имам успех со моите идеи, тогаш никгоаш не смеам да ги заборавам сиромашните луѓе“ изјавува во 2014 година кога го прогласија за Најдобар шведски претприемач на сите времиња.
Со оглед на тоа дека беше еден од најбогатите Швеѓани, никој не би очекувал од него за се противи на високите даноци во земјата, па сите се шокирани кога во седумдесеттите години од минатиот век се преселува во Швајцарија и таму живее целиот свој активен живот. Всушност, и IKEA не е шведска компанија затоа што од 1982 година има седиште во Холандија, а сега е конгломерат од компании со седишта во Лихтенштајн, Холандија и во Шведска.
Сепак, тој живеел многу скромен живот. Живеел во обична куќа, патувал со економска класа со авион, купувал на акции во локални продавници и возел „волво“ од 1993 година. По смртта на неговата сопруга Маргарет во 2014 година Кампрад се враќа во Шведска. Набрзо потоа претсанува активно да работи во компанијата. Последните години мирно живееше во Алмхулт. Минатата недела од управата на концернот објавија како мирно починал во сон во својата 91-ва година.