Постојано насекаде слушаме да не пиеме пијалаци кои нема да ги отворат пред нас или да гледаме додека ги тураат, но не можеме постојано да бидеме толку внимателни, па можеме и да не забележиме кога некој ќе стави некаква дрога во пијалакот. Таквите дроги се користат за сексуално злоставување, но еден студент од Вашингтон откри начин како да го спречи таквиот криминал .
Данја Шерман е студентка на Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон. Таа ја креираше салфетата KnoNap откако нејзина пријателка вила дрогирана и нападната додека студирала во Шпанија. Според Шерман, тогаш по прв пат станала вистински свесна за проблемот затоа што станал личен проблем.
КnoNap е салфета која може да детектира 26 од 40 најчесто користени дроги за силување. Салфетата ја нарекуваат и „салфета која знае се“ и е навистина генијален изум затоа што може да спаси многу луѓе од силување, пишува Independent.
Според Шерман, салфетата изгледа како секоја друга. Единствената разлика е тоа што на секој агол можете да ставите капка од пијалакот и доколку има некаква дрога во него, ќе се смени бојата. Моментално производот го финансира универзитетот, а добиа и средства од инкубаторот Halcyon Incubator, кој се фокусира на стартапи во рана фаза.
Шерман сега работи со некои производители и планира напролет да стартува кампања на Kickstarter. Што се однесува на нејзините планови за изумот, Шерман се надева дека нејзината компанија ќе може да предизвика соицјални промени и ќе ја зголеми свеста за проблемот, но најбитно е да ја зголеми безбедноста на луѓето.