Јапонската компанија Fujifilm, која се занимавасо фотоапарати и опрема, ќе ја преземе американската компанија Xerox за 6,1 милијарди долари, а тоа ќе подразбира и отпуштања во Азија.
И двете компании веќе повеќе од 50 години работат на азиско-пацифичкиот пазар и имаат една заедничка компанија Fuji Xerox, а сега и остатокот од Xerox ќе го вклучат во таа компанија, пишува Blооmberg.
Xerox веќе некое време бележи лоши финансиски резултат на својот примарен пазар – печатачи и поврзани технологии за бизнис примена, пред се поради намалената побарувачка за тој вид производи. Од друга страна, Fujifilm преку Fuji Xerox значително ќе го зајакне својот сектор со печатачи многу подобри поради многубројните патентни и технологии на Xerox.
Fuji Xerox ќе дејствува од две седишта – во Токио од постојното седиште на Xerox и од Норвалк, Конектикат. Оваа аквизиција повлекува и процес на консолидација кој вклучува отпуштање на 10.000 вработени во Азија.