И на Марс има зимска идила!

- Advertisement -

Северниот пол на Земјата е познат по снежните пејзажи, но според најновите податоци, тоа не е единствената планета со снежен призор оваа зима. Имено, најновите фотографии од Европската вселенска агенција покажуваат дека има „снег“ и на Марс.

Кратерот Королев, кој е сместен на северниот пол на Марс, исто така е исполнет со бела маса која неодоливо потсетува на снег. Оваа речиси нестварна фотографија ја направи Европската вселенска агенција. Како што се претпоставува, кратерот е долг 82 километри, а е исполнет со мраз со дебелина од 1,8км.

- Advertisement -

Кратерот Королев го доби своето име по ракетниот инженер и дизајнер на вселенски бродови Сергеј Королев, кој е мозокот на вселенската програма на поранешниот Советски сојуз. Сергеј Королев работел и на првите меѓупланетарни мисии на Месечината, Марс и на Венера, како и на програмата Спутник, која го испрати првиот вештачки сателит во светот.

Сподели!
- Advertisement -