Како да го заработите првиот милион? Дознајте на конференцијата LEAP

- Advertisement -

Третото издание на LEAP Summit ќе се одржи од 15 до 17 март во Конгресниот центар во Загреб на дури 5 сцени. На конференцијата LEAP годинава ќе се соберат дури 70 врвни предавачи и посетители од дури 30 земји од светот. Конференцијата годинава е бесплатна за учество. Се што треба да направите е да пополните апликација на интернет страницата на самитот и да чекате да ве контактираат доколку сте избрани за да ви се доделат билети. Рокот за пријавување е до 1 март, пишува 24 sata.

Фокусот на конференцијата годинава е ставен на мултидисциплинарни теми врзани за ИТ, дигитализација, дигитален маркетинг, претприемништво, инспирација од модните трендови и технологијата. Во текот на трите дена од конференцијата предавања ќе одржат многу хрватски и меѓународни предавачи, меѓу кои се Камран Елахаин, соосновач интернационалната компанија Global Catalyst Partners; Емил Тедески, директор на групацијата Atlantic; Бела Фанк, директорка на Hyper Island; Алејтин Бериша, основач на мрежата на бизнис ангели на Косово; Паскал Кондамине, стартап евангелист за платформата Indiegogo.

- Advertisement -

Покрај богатата програма, на конференцијата за млади ќе се одржи и нетворкинг во форма на претставување на работодавци и работите кои ги нудат, како и Б2Б бизнис вмрежување со претприемачите и натпреварот за стартапи The Battle of Titans.

Последната вечер од конференцијата е резервирана за интернационалната забава FLEAP out party. Конференцијата LEAP Summit се организира со покровителство на претставништвото на Европската комисија во Хрватска и учеството е бесплатно. Повеќе информации за LEAP Summit и сите останати предавачи можете да пронајдете на социјалните мрежи Facebook и Instagram, како и на официјалната интернет страница.

Сподели!
- Advertisement -