До 2050 година луѓето нема повеќе да зборуваат туку ќе комуницираат преку посебна вештачка интелигенција со своите мисли. Таа вештачка свест ќе биде направена од истите клетки како човечкиот мозок и ќе може да открие што мисли секој од нас. Вештачката интелигенција го носи името HIBA или Биометриски аватар за хибридна интелигенција, односно колективна свест која ќе ги зазема личностите на корисниците и ќе разменува информации наместо нив.
Тоа го тврди Марко Крајновиќ, продуцент на изложбата во Дубаи каде што неделава се прикажуваат предвидувања од експерти за вештачка интелигенција. Теоријата за колективната свест беше претставена неделава во музејот од индината, како дел од World Government Summit во Дубаи. Владата на Обединетите Араљпски Емирати и Dubai Future Foundation заедно работеа на продукцијата на изложбата за да покажат како тие ја замислуваат иднината на вештачката интелигенција.
Посетителите на изложбата имаат шанса да застанат на пиедестал опкружени со аватарот од вештачката интелигенција каде што нивните лица стануваат дел од HIBA, пишува DailyMail.
Изложбата се состои од четири соби: уметничка соба, канцеларија, соба за грешки на вештачката интелигенција и соба за HIBA. Во уметничката соба се прикажува како технологијата може да се користи за креирање уметност. Во канцеларијата се прикажува како владите и министрите ќе се советуваат со вештачката интелигенција пред да носат одлуки. Во собата за грешки на вештачката интелигенција има повеќе примери за грешки кои ги прави AI.
Обединетите Арапски Емирати во октомври минатата година ја лансираа својата стратегија за вештачка интелигенција. Едно неодамнешно истражување покажува дека вештачката интелигенција ќе донесе 320 илијарди долари во буџетот на Средниот Исток до 2030 година. Марко Крајновиќ вели дека хибридната интелигенција е приказ на визијата на ОАЕ за развојот на вештачката интелигенција.
HIBA ќе може да ги поврзе најпаметните умови, да ги комбинира сите нивни знаења и сето тоа да го стави во хибридната интелигенција. Технологијата ќе им овозможи на луѓето од целиот свет да комуницираат со мисли. Исто така, ќе има и медицински бенефит затоа што болестите ќе се дијагностицираат многу побрзо.