Апликацијата Road Trip функционира како личен водич за градовите низ кои поминувате

- Advertisement -

Доколку често патувате и користите навигација, а притоа сакате да дознаете повеќе информации за местата и градовите низ кои поминувате, апликацијата Road Trip ќе ви биде навистина од корист. Технолошкиот експерт Малте Убл креираше апликација која ја открива локацијата на корисниците и пронаоѓа релевантни информации од Wikipediа за таа локација.

Апликацијата Road Trip потоа гласно ги чита тие информации, нешто како паметен патник кој знае се за историјата на градовите и ви раскажува додека се возите или одите. За љубопитните апликацијата нуди можност за читање и други интересни информации за блиските места. Road Trip може да работи на Google Chrome, Firefox и на други пребарувачи кои поддржуваат GPS  и синтеза на говор.

- Advertisement -

„Апликацијата ја направив првично за себе, затоа што често возев низ разни места и секогаш размислував колку би било убаво да научам нешто повеќе за нив додека сум зад воланот“ изјави Убл.

Со оглед на големиот број корисници се чини дека многумина размислуваат исто и имаат потреба од повеќе информации при долги патувања.

Сподели!
- Advertisement -