Ова се првите патики направени од гуми за џвакање

- Advertisement -

Гумите за џваање со децении ни го освежуваат здивот и не забавуваат, но претставуваат тешко разградлив отпад кој луѓето го фрлаат каде што ќе стигнат. Со цел намалување на отпадот од гуми за џвакање на улиците модната куќа Explicit Wear од Амстердам се здружи со компанијата за рециклирање гуми за џвакање Gumdrop и со организацијата Iamsterdam и заеднички стартуваа проект за дизајнирање патики направени од рециклирани гуми за џвакање. 

Патиките Gumshoe се прават од рециклирана состојка наречена Gum-Tec, која ја произведува Gumdrop, а состојката содржи 20% гума, пишува The Verge. Според некои проценки, на улиците на Амстердам годишно завршуваат околу тон и половина гуми за џвакањее, а градот плаќа милиони за нивно чистење. Од друга страна, екипата која ги прави патиките користи околу 1 кг гуми за џвакање за изработка на 4 пара патики. 

- Advertisement -

„Откривме дека гумите за џвакање се направени од синтетичка гума. Со разградување на деловите од коишто се состои успеавме да направиме нов вид гума. Размислувавме на кој начин да ги освестиме луѓето за овој проблем. Така се роди идејата да направиме производ од нешто за кој никој не се грижи“ објаснуваат креаторите. 

Ѓонот на патиките е направен од гуми за џвакање, а за остатокот се користи кожа. Целта на дизајнерите на патиките е да пронајдат начин да им овозможат на купувачите по потреба да си ги заменат ѓоновите и да ги рециклираат. Тие сакаат проектот да се прошири по други поголеми градови, а исто така сакаат луѓето да усвојат подобар и поеколошки начин за решавање на проблемот со гумите за џвакање.

- Advertisement -

Патиките се достапни во розова и црна боја, а ќе почнат да се продаваат од јуни по цена од 190 евра.

Сподели!
- Advertisement -