Ова се наградените решенија од креативниот маратон „Smart cities: Rethinking how the city works and lives“

- Advertisement -

Овој викенд во Младинскиот Културен Центар се одржа Rethink креативниот маратон на тема „Smart cities: Rethinking how the city works and lives” организиран од Солвео, првата агенција за иновации и М3ДС, академијата за 3D и game design, на кој целта беше да се креираат иновативни решенија за подобро функционирање на градот Скопје.

- Advertisement -

Настанот започна со Rethink конференција на која успешни бизнисмени, претприемачи и професионалци со искуство на оваа тематика го споделија своето знаење и ги инспирираа учесниците при креирањето на нивните идеи. Потоа, учесниците започнаа со првите активности каде споделија над 1000 идеи како да се подобри квалитетот на живот во градот Скопје.

Младите талентирани и амбициозни учесници интензивно работеа на своите решенија поделени во мултидисциплинарни тимови, каде на крајот беа презентирани решенијата на сите тимови. И покрај големиот број на иновативни концепти, жирито ги одбра трите победнички тимови:

- Advertisement -

Првото место заслужно го доби тимот кој креираше решение што има најголем потенцијал за негова имплементација. Тие освоија 500ЕУР од нашиот спонзор Шпаркасе Банка, 5 графички таблети од XP-Pen, курсеви за обука за претприемачи од Пиксел како и стипендија во вредност од 2.500 ЕУР од М3ДС. Нивната идеја е да се постават платформи кои енергијата од човековиот чекор ја претвораат во електрична енергија. Платформата е поврзана со три генератори кои при еден чекор на неа произведуваат 5 до 8W што е доволно да се напои една LED светилка 30 секунди. Оваа енергија се собира во батерии за потоа да се искористи за осветлување. Платформите би се поставиле на локации низ Скопје каде има најголем проток на луѓе. Целта на ова решение е поефикасно произведување на енергија и заштедување на парични средства.

Второто место го освоија тимот „Греен Арк“ кои добија парична награда од 250ЕУР од ИСКРАТЕЛ, курс за обука за претприемачи од Пиксел и стипендија во вредност од 2.00ЕУР од М3ДС. Тие понудија идеаjно решение за искористување на станбените кровови развивајќи урбано земјоделство со помош на аквапоник системот. Аквапоник системот претставува мини еко-систем кој се одржува самиот себе си, совршен спој помеѓу флора и фауна. Одгледувањето на риби и хранливите материи кои ги создаваат овозможуваат забрзан и квалитетен раст на овошје и зеленчук без потреба од плодна земја, како и токсични материи. Овој начин на одгледување користи 10 пати помалку вода од традиционалното земјоделство и овозможува производство на овошје и зеленчук во секое време од годината. Ние имаме визија за Скопје како лидер во одржливиот развој, а со тоа што ова решение е поставено на кровови, тимот вели – „Се гледаме на врвот”.

- Advertisement -

Тимот што освои трето место креираше решение за иновативно и паметно рециклирирање и освоија курс за обука за претприемачи од Пиксел и стипендија во вредност од 1.500ЕУР од М3ДС. Платформата „Скопје Рециклира” нуди целосен визуелен идентитет на новиот процес и начин на селектирање на отпад преку користење на паметни кутии специјално инвентирани и дизајнирани за оваа платформа кои сами умеат да го препознаат материјалот кој ги полни и да комуницираат до кое ниво се наполнети со отпад. Со платформата се планира да се заменат добро познатите зелени пластични контејнери од кои отпадот најчесто се прелива наоколу како и да се променат навиките на граѓаните за селектирање на отпадот преку прилагодена комуникациска стратегија интегрирана во самата платформа.

„Rethink е еден од најголемите настани за млади луѓе што ние како Солвео сме ги организирале. Многу сме благодарни на сите говорници, ментори, фасилитатори и судии што независно од своите обврски целосно ја дадоа својата енергија за да им помогнат на учесниците да развијат нови креативни решенија кои би придонеле за позитивна промена во градот Скопје!”, изјави Драгана Нешовска, ко-основач на Солвео.

Целото тридневно искуство беше поддржано од спонзорите: Виталиа, Iskratel Group, Шпаркасе Банка, Twins sandwiches, Ladna, Скопска Пивара, Пиксел, Office Plus, Xp-Pen, Red Bull кои овозможија целиот Rethink настан да биде комплетен.

Сподели!
- Advertisement -