Сите автомобили во ЕУ ќе мора да ги имаат овие 11 напредни безбедносни системи

- Advertisement -

 

Автомобилите од година во година стануваат се побезбедни, но за Европската комисија овој напредок не е доволен. Затоа во процедура е нов закон со кој сите нови автомобили од 2021 година тамау ќе мора да имаат 11 напредни безбедносни системи за заштита на сите учесници во сообраќајот, пишува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Напредното автоматско кочење е една од клучните технологии кои ќе мора да бидат дел од секој нов автомобили во текот на идната деценија. Овој систем, наводно, го намалува бројот на сообраќајни незгоди во кои едно ново возило налетува на друго од страна за дури 38%. Камерите за полесно возење во рикверц во Америка веќе се стандардна опрема и наводно, спасуваат 95 животи годишно.

Европската комисија ги пропишува овие 11 технологии како задолжителни во сите автомобили од 2021 година, а неминовно е дека оваа опрема ќе ја подигне цената на автомобилите.

- Advertisement -

1. Напредно автоматско кочење

2. Систем за блокирање на возењето под влијание на алкохол

- Advertisement -

3. Систем за надзор над заморот кај возачите

4. Црна кутија

5. Системи за сигнализирање во случај на сообраќајна незгода

6. Заштита на пешаците на целиот преден дел и унапредени безбедносни појаси

7. Поголема површина на зоната за удар за пешаци и велосипедисти и безбедносни стакла

8. Интелигентна асистенција за забрзување

9. Систем за држење на автомобилот во истата лента

10. Систем за заштита на патниците при страничен удар

11. Камера за возење во рикверц

Сподели!
- Advertisement -