Во Калифорнија се тестираат дигитални регистарски таблички на кои се прикажуваат реклами

- Advertisement -

Неодамна беше најавено дека во Дубаи ќе почне тестирањето на дигитални регистарски таблички кои се опремени со GPS и ќе можат да контактираат со полицијата или брзата помош во случај на незгода. Ќе бидат поврзани и со компјутерите на сопствениците на возилата, па автоматски преку табличката ќе се наплатуваат паркинг и казни, а можат и да ги предупредуваат за кражба на возилото.

Како што пишува Zimo, и во Калифорнија почнува тестирање на дигитални регистарски таблички, кои со тек на време може да ги заменат класичните. Дигиталните таблички изгледаат како таблет, опремени се со сопствени батерии и чип, а освен информации за бројот на табличката, на нив ќе се прикажува и датумот на истек на регистрацијата на возилото. Исто така, корисниците ќе можат да поставуваат кратки пораки под бројот. Бројот ќе се прикажува преку целиот екран во текот на возењето, а кога ќе се паркира, корисникот може најголем дел од табличката да го искористи за прикажување поголеми пораки, па дури и реклами.

- Advertisement -

На овие таблички ќе може да се прикажуваат и некои битни известувања како информации за природни непогоди, сообраќајни незгоди и сл. Дигиталните таблички ќе бидат интересни за рекламните компании, кои ќе можат да ги искористат како паноа. Цената на табличките е 699 долари, а дополнително треба да се плати за инсталација и месечна претплата од 7 долари. По Калифорнија, табличките ќе се тестираат и во Аризона, а во зависност од резултатите и задоволството на корисниците, со тек на време можеби ќе се најдат и во други американски сојузни држави и други земји во светот.

Сподели!
- Advertisement -