Facebook тестира огласи во проширена реалност

- Advertisement -

Facebook на својата F8 конференција на почетокот на годината најави дека работи на производи кои на огласувачите ќе им овозможат да користат проширена реалност (AR) во своите маркетиншки понуди. Потпретседателот за маркетинг на Facebook, Тај Ахман Тејлор, сега објави дека во САД започнало тестирањето на AR системи во огласите, кои на корисниците ќе им се прикажуваат во листата со новости (News Feed).

AR во огласите ќе функционира слично како физичкото пробување на облека, аксесоари по продавниците. На пример, доколку ве интересираат нови очила са сонце, ќе можете да ја вклучите селфи камерата и на лицето да си ставате разни холограмски бои на стакло за да ги изберете оние кои најмногу ви одговараат, пренесува Vidi.hr.

- Advertisement -

Тие огласи во вашата листа со вести ќе се прикажуваат како сите други, но покрај нив ќе има опција „Притисни за да го пробаш“ (Tap to try it on), која ќе ви овозможи AR опции. Секако, доколку нешто ви се допадне, веднаш ќе можете да кликнете на линкот и да го купите производот. Првиот бренд кој ја тестира новата опција е Michael Kors, што значи дека виртуелно ќе можете да видите како ви стојат нивните очила, чанти, чевли, ѓредани, часовници и сите други производи на популарната модна марка.

Сподели!
- Advertisement -