Facebook гаси илјадници апликации кои не ја поминале проверката

- Advertisement -

Facebook брише стотина илјади апликации кои не ги задоволиле новите стандарди кои ги постави компанијата по скандалот со Cambridge Analyticа, пишува Business Insider. На вчерашниот блог на главната и одговорна личност за санирање на последиците од скандалот, Име Арчибонг,  вчера пишуваше дека компанијата нема да попушти на патот до подобра заштита за корисничките информации на Facebook.

Арчибонг вели дека стотина илјади неактивни апилкации кои не ја поминале проверката по 1 авггуст ќе бидат избришани од платформата на Facebook која на девелоперите им овозможува увид во информациите за корисниците, пренесуваат светските медиуми.

- Advertisement -

Исто така, ги повика програмерите што е можно побрзо да ја направат проверката на активните апликации, а Facebook и сам ќе почне иснпекција над сите апликации. Дел од процесот е и потпишување на дополнителни услови во договорите, построги правила за користење на информациите од профилите на корисниците. Оваа пракса покажува дека Facebook е свесен за важноста на построгата заштита, но истовремено не сака да ги изгуби профитабилните производи.

- Advertisement -

„Целта на сиве овие промени е да се обезбеди подобра заштита за личните податоци на Facebook, додека истовремено им овозможуваме на девелоперите да создадат корисни социјални искуства“, додаде Арчибонг.

Сподели!
- Advertisement -