Grindr е најголемата апликација за запознавање во LGBT заедницата и сега најавија дека планираат да продаваат акциии на иницијална јавна понуда и да ги листаат на берза, пренесува Poslovni Dnevnik.
Зад апликацијата стои истоимената компанија со седиште во западен Холивуд и е во сопственост на кинеската компанија Beijing Kunlun Tech. Во документите испратени до берзата во Жензен, од Kunlun наведуваат дека управниот одбор едногласно го поддржал листањето на странска берза. За разлика од сличните апликации кои во последно време излегоа на берза, Beijing Kunlun во документите наведува дека Grindr е континуирано профитабилен веќе три години.
Grindr е меѓу најпопуларните апликации за запознавање во глобалната LGBT заедница, а најголем број корисници од 3 милиони има во Европа и во САД. Апликацијата е бесплатна за користење, стартувана е во 1009 година и меѓу првите воведе едноставни профили базирани на фотографии од корисниците, кои подоцна ги прифатија и Tinder и Bumble.
Со притискање на фотографијата се почнува разговор со корисникот. Главниот извор на заработка лежи во продажбата на премиум профили Grindr XTRA, кои не содржат огласи и даваат можност за прегледи до 600 профили. Од Beijing Kunlun не објавија на која берза ќе ги листаат акциите и во кој рок.
Инаку, кинеската компанија во февруари 2016 година купи 60% од Grindr, а остатокот го докупи во февруари годинава. Апликациите за запзонавање преку Интернет во последните неколку години доживуваат вистинска ренесанса во Кина. Според некои статистики, 43% од Кинезите користат такви апликации.