Погледнете го овој величествен Bugatti Chiron направен од LEGO коцки

- Advertisement -

Овој секси Bugatti Chiron, всушност, е направен од LEGO коцки. Тимот на LEGO употребил речиси 1 милион коцки LEGO Technic за да направи верзија на вистинскиот автомобил која ќе има реална големина и ќе може да се вози.

Коцките LEGO Technic се врзуваат една за друга и може да направат посложени форми и структури отколку стандардните LEGO коцки.

- Advertisement -

Сепак, автомобилот не е 100% направен од коцки бидејќи одредени делови како што се тркалата, челичната рамка, менувачот, батериите, не може да се направат од пластика. Автомобилот се движи со помош на батерија од 80 волти и повеќе од 2.000 мотори на LEGO.

Теоретски, може да достигне максимална брзина од 29 км/ч. Овој Bugatti Chiron има две седишта, функционални светла, па дури и ретровизори. Потребни биле дури 13.500 часа или 562,5 денови за да се направи.

- Advertisement -

Автомобилот го имаше своето деби на 30 август на Grand Prix Formula 1 во Монца, Италија.

Bugatti Chiron made of Legos

Lego made a life-size, drivable version of the Bugatti Chiron.

Posted by Startup Selfie on Вторник, 04 септември 2018

Сподели!
- Advertisement -