Amazon ќе отвори 3.000 продавници без касиерки и каси?!

- Advertisement -
Amazon планира да отвори до 3.000 нови продавници без каси до 2021 година, настојувајќи да ги намами новите купувачи во мини-маркетите и продавниците со свежо приготвени сендвичи, објави Bloomberg. Извршниот директор на компанијата, Џеф Безос, настојува да го утврди најдобриот формат за тој скап потфат. Новите продажни центри AmazonGo ќе може да бидат или мини-маркети и да нудат свежо приготвена храна и некои прехранбени продукти, по примерот на 7-Eleven. Друга опција се обични снек барови.
Агресивното и скапо ширење на Amazon може да го загрози синџирот 7-Eleven, но и продавниците за сендвичи како што се Subway и Panerа Bread, како и семејните пицерии и снек барови како, на пример, продавачите на тако.
Предизвик за Amazon се високите трошоци за отворање на секоја поединечна продавница. Така, првиот AmazonGo во Сиетл чинел повеќе од 1 милион долари само во сегментот хардвер. Amazon првата продавница без каса ја отвори во близина на седиштето во Сиетл во 2016 година. Во меѓувреме најавија уште две такви продавници во истиот град и по една во Чикаго и Сан Франциско.

AmazonGo функционира така што купувачите влегуваат во продавницата со помош на апликација за мобилен телефон и по скенирањето на мобилниот телефон на влезот избираат салати, сендвичи, пијалаци или грицки. Потоа едноставно излегуваат од продавницата не застанувајќи на каса. Сензорите и технологијата за компјутерски вид детектираат што зеле и автоматски им ги наплаќаат продуктите. Во Аmazon размислуваат за опцијата до крајот на годинава да отворат 10 такви продавници, идната година уште 50 во големите градови и до 2021 година да има 3.000 такви продавници.

Сподели!
- Advertisement -