Instagram воведува функција против фотографии со вознемирувачки содржини

- Advertisement -

Instagram додаде функција против вознемирување користејќи вештачка интелигенција за скенирање на фотографиите за да идентификува евентуално проблематични содржини. Таа функција автоматски ги препознава елементите на вознемирување и известува за содржините. Потоа вработените во Instagram анализираат дали фотографијата ќе биде отстранета или ќе остане, изјави директорот на апликацијата Адам Мосери.

„Тоа ќе ни помогне да идентификуваме и да отстраниме многу голем број воснемирувачки содржини“ изјави Мосери и додаде дека ова е голем чекор затоа што многу жртви на малтретирање на пријавуваат вознемирување, пренесува N1info.

- Advertisement -

Примената на функцијата постепено ќе биде распоредена во текот на наредните недели на целокупниот систем на Instagram. Мосери изјави дека вознемирувањето на Интернет е сложено прашање за решавање и дека екипата на Instagram работи на тоа што повеќе да го ограничи.

Сподели!
- Advertisement -