Повеќе од половина од жителите во ЕУ користат социјални мрежи

- Advertisement -

Во Европската унија минатата година 59% од граѓаните користеле социјални мрежи. Евростат за потребите на оваа статистика ги анализирал податоците за бројот на луѓе кои креираат профили или објавуваат содржини на социјалните мрежи како Facebook, X (Twitter), Instagram, Snapchat, TikTok и други платформи.

Најголем процент на граѓани кои користат социјални мрежи е забележан во Данска, 91%, на Кипар 83% и во Унгарија 81%. Наспрема тоа, за социјалните мрежи најалку се заинтересирани Французите (44%), Германците (49%) и Италијанците (53%).

- Advertisement -

Компанијата Meta, која е сопственик на Facebook и Instagram, и Tiktok во февруари годинава најавија дека пред Европскиот генерален суд ќе го оспорат надоместот кој треба да го платат на ЕУ регулаторите на содржини на основа на Законот за дигитални услуги. Meta не е задоволна со тоа што компаниите кои имаат загуби нема да мора да платат надомест, додека Tiktok исто така ја оспорува методологијата на основа на која е пресметана сума од 3,9 милиони евра која мора да ја плати.

(021)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -