Google се враќа во Кина, но со цензурирана верзија

- Advertisement -

Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, потврди дека веб пребарувачот ќе се врати во Кина. Цензурираната верзија на пребарувачот во земјата е позната како Dragonfly и се тестира од минатата година. Кога ќе биде готова и ќе биде пуштен во употреба, кога некој корисник ќе пребара нешто, веб страниците кои се забранети од кинеската влада автоматски ќе бидат отстранети од резултатите.

Google го напушти кинескиот пазар пред осум години  затоа што компанијата не сакаше да дозволи цензура на резултатите при пребарување. Но, денес Google е многу поинаков од тоа што беше пред осум години. Како што наведе Пичаи, Кина е прекрасен, иновативен пазар.

- Advertisement -

„Сакавме да видиме како би изгледало да се користи нашиот пребарувач во Кина и интерно го испробувавме. Со оглед на тоа колку е битен тој пазар и колку корисници има, моравме добро да размислиме за проблемот и да најдеме долгорочно решение“, додаде Пичаи.

Сподели!
- Advertisement -